Почитувани посетители,
Ви благодариме што ја посетивте нашата веб страна, тука се презентирани дел од производите кои ги нуди нашата компанија…
ТЕХАС ТИМ ДООЕЛ е специјализирана компанија за производство и испорака на лична заштитна опрема и работна облека со преку петнаесет годишно докажано работно искуство во оваа дејност.
Нашите производи гарантираат задоволство, удобност и безбедност при работа,висок квалитет докажан со интегрираниот систем од 31.08.2010 година за управување со квалитетот ISO 9001:2008.
Компанијата располага со сопствен производен погон и стручен персонал за изработка на високо квалитетна работна опрема и други текстилни производи во согласност со македонските стандарди,европските норми и директиви. Располага со сопствен деловен и магацински простор, сопствен возен парк со што гарантираме за навремено и сигурно опслужување на нашите клиенти со лична заштитна опрема.
Претставници и директни увозници сме на лична заштитна опрема од водечките европски производители.
Целта на компанијата е да на своите клиенти им обезбеди високо квалитетна заштитна опрема која ќе овозможи заштита и удобност на работникот во текот на работниот ден. Нашето мото е да работиме заедно сигурно и безбедно.